Заврши јавниот повик за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на општина Неготино за купување велосипеди за 2020 година PDF Print
There are no translations available.

  Општина Неготино со цел да ги стимулира жителите  за користење на велосипеди а согласно тоа и намалување на бројот на возила кои ќе се движат низ градот, на граѓаните кои ќе купат велосипед  им надоместува дел од трошоците направени при купување на велосипед, односно адаптиран велосипед за лица со телесна инвалидност. Средствата што Општина Неготино ги субвенционира се во износ од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 5.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход, како и 50% од вредноста на адаптираниот велосипед за лица со телесна инвалидност, но не повеќе од 50.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход. Средствата превидени во Програмата се во вкупен износ од 300.000,00 денари и нивната исплата ќе биде на товар на Буџетот на општина Неготино од програма L00. Имајќи предвид дека повикот беше на принцип „прв дојден,прв услужен“, општина Неготино информира дека квотата е исполнета, а со тоа и јавниот повик е завршен.