Кодекс за административни службеници
Кодекс за административни службенициПрограма за ЕЕ
Програма за енергетска ефикасностЧеститка по повод 24 Мај, Денот на словенските просветители Свети Кирил и Методиј |
![]() |
![]() |
There are no translations available. Почитувани граѓани, Дозволете ми да Ви го честитам 24 Мај, Денот на сесловенските учители и просветители Свети Кирил и Методиј, основоположниците на словенската писменост и литература, заслужни за културниот развој на сите словенски народи. Овој ден е голем празник кој е посветен на Светите браќа Кирил и Методиј, кои со своите дела го отворија патот на словенските народи кон описменување и духовност. Денес е денот кога се потсетуваме дека сме горди наследници и дека сме тие кои ја продолжуваме нивната света мисија – ширењето на писменоста. Делата кои тие ни ги оставија не обврзуваат да се стремиме кон еднаквост и рамноправност, градејќи општество со еднакви можности и права на сите граѓани. Нека ни е честит 24 Мај, Денот на сесловенските учители и просветители Светите Кирил и Методиј. |