Честитка по повод Рамазан Бајрам PDF Print
There are no translations available.

Почитувани,
Дозволете ми, од мое лично име на сите граѓани од исламска вероисповед во нашата држава да Ви го честитам денешниот празник Рамазан Бајрам и завршувањето на рамазанските пости.
Празнувањето и одбележувањето на овој голем исламски празник не потсетува дека треба да продолжиме да градиме соживот, разбирање и почитување меѓусебе. Да се потсетиме дека меѓусебната доверба,меѓурелигиското почитување и толеранција се вредности кои секогаш не обединуваат.
Уште еднаш, Ви го честитам Рамазан Бајрам и Ви посакувам овие денови да ги поминете со мир и благостостојба.
Честит Рамазан Бајрам !!!