Честитка по повод 20 Мај – Денот на пожарникарите PDF Print
There are no translations available.

   Почитувани пожарникари,
Од мое лично име како градоначалник но и од името на сите граѓани на општина Неготино, Ви го честитам денешниот ден 20 Мај – Денот на пожарникарите.
Вашата работа и заложба е непроценлива и бара професионалност, храброст но и пожртвуваност бидејќи честопати се изложувате на опасни и тешки задачи, а многупати во опасност ги ставате вашите животи во заштита на граѓаните но и нивните имоти.
Противпожарната заштита на Балканот започнала од Битола, кога далечната 1836 година на 20 мај, во време на Румелискиот пашалак, се формирала прватата организирана противпожарна единица на Балканот, по голем пожар кој го зафатил градот. Токму по тој повод, овој датум се одбележува како Ден на пожарникарите.
Честит 20 Мај - Денот на пожарникарите