Нови столчиња за️ градскиот стадион PDF Печати
   Фудбалската федерација на Македонија донираше 550 нови столчиња за потребите на градскиот стадион во општина Неготино. Пред истите да бидат монтирани ќе претходи делумна реконструкција на бетонската подлога на трибината, со што градскиот стадион во Неготино ќе добие сосема поинаков и поубав изглед, а ќе се подобрат и условите за следење на сите фудбалски натпревари.