Честит 7 Мај, Ден на македонската полиција ! PDF Print
There are no translations available.

Почитувани,
Како градоначалник на општина Неготино со особена чест но и задоволство Ви го честитам денешниот ден, 7 Мај - Денот на македонската полиција. На сите припадници на Министерството за внатрешни работи, а воедно и на ОВР Неготино Ви го честитам овој ден но и Ви се заблагодарувам за вашата посветеност и пожртвуваност што ја покажувате со Вашето секојдневно ангажирање несебично изразувајќи ја Вашата пред се човечност во овие кризни моменти.
Да се биде дел од полицијата но и безбедносните сили е чест но и одговорност. Професионалноста и заложбата која ја покажувате и во овие моменти всушност претставува пример како полицијата се грижи за безбедноста  на сите граѓани. Верувам во Вас и се надевам дека и во иднина ќе продолжите да се борите со бројните предизвици за добробит на граѓаните но и македонското општество.
Честит 7 Мај, Денот на македонската полиција !!!