Министерката за одбрана Радмила Шекеринска во работна посета на општина Неготино PDF Печати
   Денес во работна посета на општина Неготино беше министерката за одбрана на Република Северна Македонија Радмила Шекеринска. Заедно со министерката Шекеринска направивме увид на терен на локалниот пат Криволак – Пепелиште.
Комплетната реконструкција на патот е во должина од 6 км, од центарот на село Криволак до излезот на регионалниот пат Неготино - Штип. Се работи во две фази, од кои веќе во првата фаза комплетно се реконструирани 2км и тоа  од центарот на селото до Армискиот полигон Криволак. Градежните работи продолжуваат понатаму и на втората делница од 4 км и тоа од Армискиот полигон Криволак до регионалниот пат Неготино – Штип во непосредна близина на селото Пепелиште.
Бидејќи се работи за пат односно локален пат кој изминатиот период беше најмногу користен од страна на возилата на Армијата и е единствениот кој води до Воениот полигон од Министерството за одбрана побаравме финансиски средства, со кои би се направила комплетната реконструкција на истиот.
Министерство со одлука на Владата на Република Северна Македонија  обезбедија финансиски средства во висина од 34 милиони денари, средства кои беа префрлени на Општина Неготино.
Со комплетната реконструкција од 6 километри, ќе ја исправиме грешката, а воедно и ќе го исполниме ветеното спрема граѓаните од овие населени места како и Армискиот полигон Криволак.