Изградба на дел од патниот правец Горни Дисан - Вешје PDF Печати
   Во тек се градежни активности за изградба на дел од патниот правец Горни Дисан – Вешје во должина од 460 метри.
Вредноста на проектот изнесува 7 милиони денари, средства обезбедени од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој преку ЦР на Вардарскиот плански регион.
Проектот е во рамки на мерката – подобрување на квалитетот на животот во руралните средини преку изградба на локална патна инфраструктура за поврзување на две или повеќе населени места.