Советот на Општина Неготино ги распредели финансиските средства за спортските клубови/сојузи од општината за 2020 г. PDF Print
There are no translations available.

   Советот на општина Неготино на последната одржана седница, врз основа на Правилникот за постапката и критериумите за распределба на средства за остварување на јавниот интерес во спортот, а со цел за поддршка и унапредување на спортот и спортските активности во општината, ги додели средствата за поддршка на спортските клубови/сојузи од општината за 2020 година. Планираните средства во Буџетот на општината во вкупна висина од 1.500.000,00 денари, врз основа на соодветните критериуми содржани во Правилникот беа распределени на спортските клубови од Општина Неготино, кои се пријавија на јавниот повик и ги исполнија предвидените услови за добивање на финансиска поддршка.
Со тоа, преку соодветната распределба на предвидените средства во буџетот на општината за 2020 година, спортските клубови/сојузи од Општина Неготино добија можност за непречена работа и учество во предвидените натпреварувања.