Одбележување на патрониот празник на ООУ „ Гоце Делчев “ Неготино PDF Print
There are no translations available.

  ООУ „ Гоце Делчев “ Неготино денес го слави својот патронен празник. По тој повод градоначалникот Тони Делков заедно со директорот на училиштето и претседателот на Советот на родители положија свежо цвеќе на спомен бистата поставена во училиштето.
На сите ученици и наставен кадар градоначалникот Тони Делков им го честита денешниот патронен празник со желби за многу успех во понатамошното образование, а воедно и успешно продолжување на учебната година која поради состојбата со Корона вирусот во овие моменти се одвива од дома.
ООУ „ Гоце Делчев “ Неготино како воспитно  - образовна институција опстојува како пример за квалитетно образување и воспитување на основците како силна основа за средното, а подоцна и високото ,  како подготовка за идните чекори на сите ученици.