Во општина Неготино се спроведува акцијата „ Со љубов за Неготино “ PDF Print
There are no translations available.

   На иницијатива на градоначалникот Тони Делков и на претседателот на Советот денес ја започнуваме акцијата „ Со љубов за Неготино “. Имено, заедно со дел од општинската администрација, ЈП „ Комуналец “ и волонтери  се организираше чистење на дел од речното корито на улица „ Ацо Аџи Илов “ во Неготино и исчистистена е поголема површина околу истото.
Оваа акција продолжува и понатаму, а ќе се организира секоја недела односно еден ден од викендот. Секоја седмица акцијата ќе се спроведува на различна локација во градот со што ќе придонесе за поубав изглед на нашето Неготино.
Воедно, локалната самоуправа ги повикува сите доброволци кои сакаат да се приклучат во акциите што следуваат, да се пријават во општина Неготино.
Заедно за поубаво и почисто Неготино !!!