There are no translations available.
6та активност-8ми Мегународен детски фестивал,,Со фолклорот од минатото-заедно во иднината,,одржан во Две Могили-Бугарија (25.08.2011-30.08.2011)
Во рамките на Проектот,,Мрежа за култура, спорт и туризам,,од Програмата Европа за граѓаните 2007 -2013 реализирана е 6( шестата) и последна проектна активност во Две Могили Бугарија. Oвој настан е поврзан со празникот на општина Две Могили и осмиот -8ми Мегународен детски фестивал,,Со фолклорот од минатото-заедно во иднината,, На оваа проектна активност општина Неготино се претсатви со настап на фолклорното друштво КУД,,Ацо Ѓорчев,, од Неготино со 20 претставници.
Во делагацијата на општина Неготино учествуваа и: Пане Трајков –Градоначалник на општина Неготино Лолита Ристова-Раководител на Одделение за развоја и локален проектен координатор Др. Симон Петровски Јане Мелов –возач Активностите за време на престојот во Две Могили го имаа следниот тек: Четврток 25.08.2011 Поаѓање од Неготино за Две Могили 03:00 часот. Пристигнување во Две Могили во попладневни часови во 15:00часот.Следуваше: -сместување на фолклорното друштво и делегацијата -Дефиле со учесниците на фестивалот -Отварање на 8ми Мегународен детски фестивал,,Со фолклорот од минатото-заедно во иднината,,со настап на сите учесници и обраќање од еден од фолклорните учесници од КУД,,Ацо Ѓорчев,, од Неготино ![](/images/stories/nov_29.08.2011/Dve_Mogili/IMG_6601_Bugarija.jpg) Петок 26.08.2011 -Спортска програма за учениците во фестивалот -За делегациите :посета на историскиот музеј во Русе -Со делегациите одржан состанок во општина Две Могили по повод празникот на градот на која свое обраќање и размена на прикладни подароци изврши градоначаникот на општина Неготино.Следуваше: -Посета на Црква и Mузеј во град Две Могили -Одржување на Втора фестивалска вечер( настап на Романија,Бјиелск-Полска, Алтанова-Турција, Попово-Бугарија)
Сабота 27.08.2011 -Посета на тврдината Царевец-Велико Трново -Трета фестивалска вечер(настап на Калараш-Молдова,Неготино-Македонија,Требница-Полска) -Присуство на БИР фест-Рок Фестивал-,,Орлова Чука,,
![](/images/stories/nov_29.08.2011/Dve_Mogili/IMG_6625_Bugarija.jpg) Недела 28.08.2011 -Посета на пештерата,,Орлова Чука,, -Следење на фолкорна програма од локални исполнители во комплексот,,Орлова чука,, -Посета на минерални бањи -Гала концерт за сите фолклорни учесниците на 8ми Мегународен детски фестивал и доделување на признанија за учество ,,Со фолклорот од минатото-заедно во иднината,,
![](/images/stories/nov_29.08.2011/Dve_Mogili/IMG_6639_Bugarija.jpg) Понеделник 29.08.2011 -Во утринските часови следуваше одвезување на делегациите од проектот ( Македонија, Полска, Бугарија,Романија)за Попово каде беше организирана завршна Прес конференција со претставување на новата веб страна на проектот.За локалната телевизија изјава даде Лолита Ристова-проектен координатор за општина Неготино Вторник 30.08.2011 -Вракање во Две Могили и пристигнување во Неготино во 01:00часот.
|