И во населените места извршена е замена на уличното осветлување со ЛЕД технологија PDF Print
There are no translations available.

  По завршувањето на активностите во градот што резултираше со набавка, замена и поставување  на  нови 841 улична светилка со ЛЕД технологија за енергетска заштеда и редукција на ЦО2, со замена на старото и поставување на ново улично осветлување се продолжи и во населените места во општина Неготино. Согласно проектот, извршена е комплетна промена на уличното осветлување и поставени се нови 569 ЛЕД светилки во населените места Криволак, Тимјаник, Пепелиште, Тремник, Д,Дисан, Војшанци и Дуброво со што тамошните жители добија многу поквалитетно улично осветлување и голема заштеда на електрична енергија. Со овој проект на територијата на општина Неготино се изврши вкупна замена на 1.410 улични светилки со нова ЛЕД штедлива технологија.