Честит 8 Април – Меѓународен ден на Ромите PDF Печати
Почитувани граѓани,
8 Април е денот кој е посветен на историјата и културата на Вас Ромите. Меѓународен ден кој се одбележува низ целиот свет афирмирајќи ја потребата за поголема поддршка на Ромите, како интегрален и рамноправен дел од македонското општество, негувајќи ги својот јазик, култура и традиции.
Од мое лично име како градоначалник но и од име на локалната самоуправа Ви го честитам денешниот празник, а воедно ја користам приликата да истакнам дека како градоначалник но и општина ќе продолжиме да ги негуваме односите со сите припадници од ромската заедница, секогаш ќе бидеме достапни да ги слушнеме вашите проблеми но и да најдеме заеднички решенија за нивно решавање со цел за подобрување на вашиот статус како граѓани на општина Неготино но и созадавање на подобри услови во секојдневното живеење.
Нека Ви е честит празникот !