Задолжително превривање на водата за пиење од „Лукар“ PDF Печати
Од ЈП Комуналец ги информираат граѓаните на општина Неготино кои со вода за пиење се снабдуваат од  регионалниот водовод „Лукар“ дека поради интензивните врнежи кои беа присутни изминатите денови и наглото топење на снегот во изворишниот дел на регионалниот водовод „Лукар“ појавено е заматување на водата и зголемена потрошувачка на хлор во водата за пиење. Токму затоа, се препорачува превривање на водата се до стабилизирање на состојбата.