Задолжително превривање на водата за пиење од „Лукар“ PDF Print
There are no translations available.

Од ЈП Комуналец ги информираат граѓаните на општина Неготино кои со вода за пиење се снабдуваат од  регионалниот водовод „Лукар“ дека поради интензивните врнежи кои беа присутни изминатите денови и наглото топење на снегот во изворишниот дел на регионалниот водовод „Лукар“ појавено е заматување на водата и зголемена потрошувачка на хлор во водата за пиење. Токму затоа, се препорачува превривање на водата се до стабилизирање на состојбата.