Во Неготино се одржа виртуелна „Априлијада – Маскенбал 2020“ PDF Печати
   Согласно препораките на Владата на Република Северна Македонија за откажување на сите манифестации и настани од масовен карактер и одржување на социјална дистанца, општина Неготино оваа година го откажа традиционалното одржување на настанот „Априлијада-Маскенбал“ поради присутната состојба со корона вирусот. Сепак, тоа не ги спречи учениците-ентузијасти од ООУ„Гоце Делчев“ да организираат виртуелен маскенбал, па и во време на вонредна состојба на дело да ја покажат сопствената имагинација. Па така, учениците во своите домови ги подготвија своите маски, преку фотографии ги испратија до одделенските раководители и истите беа објавени на фејсбук страницата на училиштето. За најдобрите маски раководниот тим на ООУ„Гоце Делчев“ќе додели пригодни награди.