Посета на претставници на словачката фондација Slovak aid на Општина Неготино PDF Print
There are no translations available.

   На ден 17.08.2011 година општина Неготино беше домаќин на претставниците на фондацијата од Република Словачка - Slovak aid koја во соработка со Стопанската комора на Македонија  е носител на проектот ,, Зајакнување на малите и средни претпријатија - патот кон економски раст и пристапување кон ЕУ,,.
Гостите од Република Словачка заедно со претставниците на општинската администрација ја посетија винаријата ДУДИН каде што од страна на сопственикот и енолозите во оваа винарија целосно им беа претставени  капацитетите и технологијата на винското производство, како и  објектот за промотивно-комерцијална дегустација на палетата најквалитетни вина на оваа наша реномирана винарија.