Координативен состанок во општина Неготино за доследно почитување и примена на мерките на Владата за спречување на Корона Вирус во општина Неготино PDF Печати
   Градончалникот и дел од службите во општина Неготино , претставници од општинските воспитно-образовни установи, ЈЗУ „ Здравствен Дом “ Неготино, Полициската Станица, ОО на Црениот Крст  Неготино, ЦУК ,ТППЕ , ЈП „ Комуналец “ и претставници од Советот на општина Неготино синоќа со почеток во 19.00 часот оддржаа координативен состанок во просториите на општина Неготино .
Согласно добиените информации од одговорните од секоја од установите ,  а следејќи ги  мерките на Владата на Република Северна Македонија се донесоа дополнителни препораки,заклучоци и апел кон локалното население за целосно и доследно почитување на мерките и тоа:
•    Да не се шири паника и страв меѓу локалното население, бидејќи во општина Неготино во моментов нема заразен од корона вирусот и да се придржуваме кон мерките и правилно да ги применуваме
•    Сите институции и приватни фирми од општина Неготино  да користат средства за редовна дезинфекција и хигиена за вработените , за  странките кои доаѓаат од надвор и да одржуваат редовна хигиена и дезинфекција на просториите
•    Со цел за поголема превенција на повозрасните граѓани кои спаѓаат во ризичната група на овој вирус, општина Неготино формира мобилен тим за помош кој ќе пазари наместо постарите и изнемоштени лица. Секој граѓанин од наведените категории кој ќе има потреба од набавка на лекови, прехранбени производи и средства за лична хигиена ќе може да се јави на тел број: 043/ 361 045.
•    Одговорните во воспитно-образовните установи и училиштата да воспостават посилна  координација со родителите на децата и учениците и да апелираат  на изолација во домашни услови
•    Локалното население да се едуцира за правилно користење на маски, ракавици и други заштитни средства преку делење на едукативни флаери и преку социјалните мрежи
•    За пријавување на лица кои доаѓаат од критични подрачја а не се самоизолирале, граѓаните може да ги пријават на телефоните на МВР: 192 или телефоните во ПС ОН Неготино 361 – 003, 361-014 и 361 – 383.
•    ПЕ на Министерството за економија да преземе засилена инспекциска контрола
•    ОО на Црвениот Крст Неготино да изврши координација со Црвениот Крст на Република Северна Македонија и да ги разгледа можностите за  преземање на поинтензивни активности во правец на поголемо информирање и  поголема  превентивна заштита на локалното население
•    Трговците и другите продавачи за време на пазарните денови  задолжително да користат заштитни дезинфекциони средства
•    Такси превозниците и другиот локален превоз на патници да ги редуцира линиите и истовремено да врши редовна дезинфекција во превозните средства
•    Посебно се потенцира за засилена и  редовна дезинфекција и заштита на работниците кои се превезуваат со автобусите на работа во Дрекслмајер Кавадарци, како би се намалил ризикот и можноста за евентуална зараза
•    Секоја институција да направи тампон зона за прием на странки и документи
•    ПС ОН Неготино  да има засилена контрола на влезовите и излезите од градот
•    ПС ОН Неготино  да спречува собирање на големи групи на млади на јавни места, паркови, бензински пумпи и  слично
•    ЈП „ Комуналец “ Неготино  и ТППЕ од Неготино да вршат редовно миење и дезинфекција на фрекфентните улици во општината
•    Локалното население да ја подигне јавната чистота преку сопствено делување и грижа за животната средина
•    Редовно проветрување, чистење и хигиена во просторот во кој се престојаува или работи подолго време
•    НАСЕЛЕНИЕТО ДОСЛЕДНО ДА ГИ ПОЧИТУВА МЕРКИТЕ  НА ВЛАДАТА, А ПОСЕБНО МЕРКАТА ЗА САМОИЗОЛАЦИЈА !!!
•    Согласно мерките на Владата, физичките и правните лица што не ги почитуваат и кои ги прекршуваат препораките ќе бидат казнети согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик
            ЈАВНОТО ЗДРАВЈЕ Е ЗАЕДНИЧКА ОДГОВОРНОСТ. ОД НАС ЗАВИСИ !