Потпишан договор за изградба на улици и патишта во општина Неготино PDF Печати

  Градоначалникот на општина Неготино Тони Делков оствари работна посета во Владата на Република Северна Македонија каде што заедно со сите градоначаници од 80 општини во државата со Министерството за транспорт и врски го потпишаа Меморандумот за разбирање во процесот на имплементација на „ Проектот за поврзување на локални патишта ". Проектот се финансира со средства од Меѓународната Банка за обнова и развој во висина од 70 милиони евра, со кој ќе се санираат локални патишта и улици во должина од 450 км во сите 80 општини. Со проектот, во наредниот период во општина Неготино ќе бидат изградени и санирани нови локални патишта и улици.