Потпишан договор за изградба на улици и патишта во општина Неготино PDF Print
There are no translations available.

  Градоначалникот на општина Неготино Тони Делков оствари работна посета во Владата на Република Северна Македонија каде што заедно со сите градоначаници од 80 општини во државата со Министерството за транспорт и врски го потпишаа Меморандумот за разбирање во процесот на имплементација на „ Проектот за поврзување на локални патишта ". Проектот се финансира со средства од Меѓународната Банка за обнова и развој во висина од 70 милиони евра, со кој ќе се санираат локални патишта и улици во должина од 450 км во сите 80 општини. Со проектот, во наредниот период во општина Неготино ќе бидат изградени и санирани нови локални патишта и улици.