ТУРСКИ БИЗНИСМЕНИ ВО ПОСЕТА НА НЕГОТИНО PDF Печати

   Делегација од општината Тепеџик-Република Турција предводена од градоначалникот Тунџај Олгун придружуван од тамошни локални бизнисмени престојуваше во посета на нашиот град пројавувајќи интерес за влез на турски инвестиции на подрачјето на општината. Гостите беа примени од градоначалникот Пане Трајков кој во разговорот со нив истакна дека Неготино е општина со извонредна местоположба и расположива инфраструктура кои доколку адекватно бидат презентирани, можат да привлечат домашни и странски инвеститори. Во непосредна близина минува автопатот Е-75 и железницата, може да се искористи постоечката инфраструктура за изградба на карго аеродром, а општината располага и со атрактивно земјиште за изградба на стопански капацитети. Турските бизнисмени пројавија интерес за изградба на капацитети во областа на живинарството, како и во лозаро-винарското производство. На средбата беше договорено проширена турска бизнис-делегација повторно да дојде во Неготино при што ќе биде организиран бизнис-форум на кој детално ќе се прецизираат идните инвестициони активности во општината.