Се гради нова детска градинка во општина Неготино PDF Print
There are no translations available.

  Градоначалникот на општина Неготино Тони Делков заедно со претставници на фирмата изведувач, претставници на инвеститорот на проектот од Министерството за труд и социјална политика, надзорот и директорката на детската градинка „ Фемо Кулаков “ извршија вовед во работа за изградба на нова детска градинка во општина Неготино. Овој објект ќе функционира како дел од постоечката детска градинка „ Фемо Кулаков “ во Неготино, а се очекува истиот да биде изграден во рок најмногу за 16 месеци.  Во оваа детска градинка ќе може да се згрижат и воспитуваат 161 дете од предучилишна возраст, а со досегашните преземени активности од страна на општината преку адаптација на простори во селата за детски градинки, ќе се надмине проблемот со недостиг на капацитети за прифаќање на дечињата од предучилишна возраст.