Информативен настан за користење средства од ИПАРД 2 и изложба на стручна литература PDF Печати

   Во рамките на програмата за одбележување на „Св.Трифун“ во преполната сала на општина Неготино се одржа информативен настан за аплицирање за користење на средства од ИПАРД 2 во организација на општина Неготино и Подрачната единица на Агенцијата за поддршка на развојот на земјоделието од Неготино. Пред заинтересираните земјоделци беа презентирани содржини на 2 теми-поддршка на млади земјоделци мерка 113  преку Програмата за рурален развој  и ИПАРД 2 мерка инвестиции во основни средства за земјоделско стопанство. Предавачи беа Ѓоко Данаилов и Александар Стојанов од подрачната единица на АПРЗ-Неготино, а паралелно беше поставена и изложба на стручна литература од земјоделскиот сектор во организација на градската библиотека „Страшо Пинџур“ од Неготино.