Од среда 12.02 започнуваат и до петок 14.02. ќе траат активностите по повод „Св.Трифун“ PDF Print
There are no translations available.

   Општина Неготино и оваа година по повод одбележувањето на празникот „Св.Трифун“ подготви богата програма со активности кои ќе му дадат белег на празникот на винарите и лозарите. Активностите започнуваат утре (среда 12.02.) со натпревар во дегустација на вина и ракии од индивидулни производители и информативен настан за аплицирање за користење на средствата од ИПАРД 2 со изложба на стручна литература од локалната библиотека. Во четврток е настанот Мастер клас за вино „вранец“ (барикиран и обичен) со учество на винарии од регионот, следува советодавен настан со производителите на вина и ракии,а во попладневните часови во Музејот ќе се одржи изложбено-дегустациониот настан „Вранецот“ со нашето традиционално... со дегустација на вина, раванијада и зелникот на баба, изложба на експонати на локални уметници, копаничарска изложба и друго. Централниот настан е во петок на 14.02. и истиот ќе се одвива на градскиот плоштад каде ќе бидат отворени штандови на винариите, на производители и дистрибутери на храна, здруженија, изложувачи на земјоделски производи и механизација, сето пропратено со настап на локални естрадни уметници и бендови. Отворањето на централниот настан преку закројување на виновата лоза, обраќање на градоначалникот на општина Неготино Тони Делков и евентуално други гости, доделување на наградите и признанијата и музичкиот колаж на естрадни уметници и фолклорни друштва започнуваат од 12,00 и ќе траат до 15,30 часот. Општина Неготино упатува јавна покана до сите граѓани да бидат дел и да присуствуваат на настаните организирани по повод празникот на лозарите и винарите „Свети Трифун“.