Бесплатен превоз за жителите од населените места од општина Неготино за празникот „ Свети Трифун “ PDF Print
There are no translations available.

   По повод прославувањето на празникот на лозарите и винарите, односно за време на одржувањето на централната манифестација која ќе се случува на 14 февруари ( петок ), заедно со превозниците од општина Неготино Дајо Турс, Болеро, Бо-Трај и Си - мар обезбедивме бесплатен превоз за сите заинтересирани граѓани кои ќе сакаат да бидат дел од прославата. Ова го организираме со цел да им излеземе во пресрет на сите жители од населените места во општина Неготино, но и цел со која ќе обезбедиме побезбеден сообраќај во централното градско поддрачје. Сите граѓани кои сакаат да присуствуваат на централната манифестација и да уживаат со добро вино, храна и музика испеана од македонските естрадни уметници се добредојдени, а тргнувањето ќе биде во 10:30 и 11:00 часот од автобуските постојки во

Пепелиште
Криволак
Тимјаник
Долни Дисан
Војшанци
Тремник.