СЕ ОДРЖА КОНЦЕРТ НА ,, ДАУТОВСКИ – КВАРТЕТ ,, PDF Print
There are no translations available.

   Општина Неготино е една од дваесетте локални самоуправи во земјава во која, исто како и минатото, така и ова лето се спроведува културната манифестација ,, Топол културен бран ,,. Деталите за самата манифестација и планираните настани беа презентирани на специјална прес конференција на министерката за култура Елизабета Канчевска – Милевска  на која меѓу присутните беше и градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков кој ги поздрави заложбите на Министерството за култура за збогатување на летното живеење со културни настани. Во тие рамки, на градскиот плоштад во Неготино, во присуство на голем број заинтересирани граѓани и вљубеници во етно-музиката, се одржа концерт на Драган Даутовски квартет на кој беа исполнети дел од нумерите од неговиот исклучително богат репертоар. Исто така, во рамките на културното лето, неготинци имаа можност да ја проследат и театарската претстава Генерална проба за самоубиство во изведба на велешкиот народен театар Јордан Хаџи Константинов Џинот.