Засадени садници за раззеленување на повеќе локации во Неготино PDF Печати

   Со засадување на 76 садници од различни видови на повеќе локации во градот, во организација на општина Неготино денеска беше спроведена активност за раззеленување согласно Програмата за заштита на животната средина во неготинска општина. Садниците кои се засадија се набавени со средства од Буџетот на општина Неготино и истите беа засадени во паркот до зградата на локалната самоуправа, на градскиот плоштад, на потегот кај градската библиотка и на просторот кај Спомен-костурницата. Во активноста со механизација и работна рака се вклучија и вработени од ЈП Комуналец. Од локалната самоуправа се апелира до граѓаните да ги чуваат и да не ги оштетуваат новозасадените садници. Со цел за зголемување на зелените површини,  во рамките на Програмата за заштита на животната средина за тековнава година се предвидени 3 пати повеќе средства за набавка на нови садници кои во 2020-та година ќе бидат засадени во градот и населените места во општина Неготино.