Општина Неготино зема учество во проектот „Инклузија на деца Роми во предучилишно образование“ PDF Print
There are no translations available.

  Градоначалникот на општина Неготино Тони Делков, дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ, претставничката на МТСП Мабера Камбери и директорката на неготинската градинка Јана Коцева склучија договор за учество на општина Неготино во проектот „Инклузија на деца Роми во предучилишно образование“. Проектот во нашата општина ќе започне да се спроведува од месец февруари во други просторни услови во селото Криволак каде што ќе престојуваат дечиња од македнска и од ромска националност со целодневен престој,а покрај постоечките воспитувач и негувател ќе биде ангажирана и една негувателка од ромската заедница. Целта на проектот „Инклузија на деца Роми во предучилишното образование“ во општина Неготино е отстранување на постоечките бариери за пристап до предучилишните установи на ромските дечиња на возраст од 3 до 6 години, инклузија на децата и нивна социјализација, како и зајакнување на свеста кај нивните родители за важноста на раниот детски развој и образованието на нивните деца.