До понеделник (10.02.2020) можат да се доставуваат мостри за избор на најдобри вина и ракии PDF Печати

   И оваа година во рамките на одбележувањето на празникот на лозарите и винарите „Св.Трифун“ ќе се одржи натпревар во дегустација на вина и ракии произведени од индивидуални производители. За таа цел, организаторот-општина Неготино ги информира сите заинтересирани за учество на натпреварот дека рокот за поднесување мостри од бели и црвени вина и ракии е до понеделник (10.02.2020г.) во времето од 08,00 до 16,00 часот во просториите на локалната самоуправа. Производителите истите можат да ги достават до одговорното лице Дени Трајков на 3-ти спрат во зградата на општина Неготино, а поблиски информации можат да се добијат и на телефонскиот број 078-822-292. Традиционално, и оваа година поднесените мостри ќе бидат дегустирани и оценувани од страна на стручни лица-енолози кои ќе одлучат кои вина и ракии ќе добијат признинија и награди за квалитет. Наградите и признанијата на најдобрите индивидуални производите на домашни вина и ракии градоначалникот на општина Неготино Тони Делков ќе им ги врачи на денот на одржувањето на централниот настан по повод „Св.Трифун“ на 14-ти февруари кој ќе се одржи на градскиот плоштад во Неготино.