Чесниот крст го ставаме во функција на хумана цел PDF Print
There are no translations available.

  Крстот кој денеска беше фрлен во водите на реката Вардар, а кој лицето што го фати Тодор Пасев ми го врачи и го подари на општина Неготино, решив да го ставиме во функција на остварување на една хумана цел. Имено, во координација и соработка со МПЦ Свети Атанасиј од нашиот град, договоривме крстот да не се шета по домовите и установите, туку во четврток на 23-ти јануари кога во Неготино е пазарен ден истиот ќе биде изложен на целивање на градскиот плоштад. Така, секој граѓанин ќе може да биде во контакт со крстот, а сите собрани средства ќе бидат донирани за една хумана цел-лекување на нашиот сограѓанин Дарко Видони. На овој начин јас како градоначалник и општина Неготино даваме придонес за остварување на оваа хумана цел.