Тодор Пасев го фати чесниот крст во Неготино PDF Print
There are no translations available.

Илјадници православни христијани од нашата општина по повод празникот Богојавление - Водици присуствуваа и го следеа фрлањето на ритуалниот крст во водите на реката Вардар од Пепелишкиот мост. Годинава од 13 пријавени учесници во МПЦ Св. Атанасиј крстот го фати Тодор Пасев од градот Русе - Бугарија кој, како што самиот кажа, веќе 22 години по ред на разни локации се обидува да го фати крстот. Пасев направи еден гест кој не изненади сите и крстот го подари на општина Неготино врачувајќи ми го мене со желби за здравје и среќа на сите верници од општината. На подарок од општина Неготино доби телевизор, од МПЦ доби Библија, а од компанијата Зегин таблет. Ја користам оваа можност на сите граѓани на општина Неготино да им ги честитам празниците со желби истите да ги поминат во пријатно расположение. БОГ СЕ ЈАВИ!