Градоначалникот Делков потпиша договор за замена на уличното осветлување со нова ЛЕД штедлива технологија PDF Print
There are no translations available.

   Градоначалникот на општина Неготино Тони Делков денеска заедно со претставникот на фирмата узведувач Електрика ДООЕЛ-Кочани го потпишаа договорот за набавка и замена на постоечкото улично осветлување со нова ЛЕД штедлива технологија-активност со која ќе бидат опфатени уличните светилки во Неготино и населените места. Од вкупниот број од 2.300 постоечки улични светилки од кои 1.750 во градот и 550 во селата, со проектот ќе бидат заменети 1.410 светилки од кои 836 во Неготино и 574 во населените места. Градоначалникот Делков информираше дека со замената на постојното улично осветлување со нова ЛЕД штедлива технологија и технологија која емитува помали ниво на ЦО2 во животната средина, ќе се постигне 69 процентна енергетска ефикасност и заштеда на средства во општинскиот Буџет кој се издвојуваше за оваа намена, односно за 69 отсто ќе се намали актуелниот трошок за улично осветлување во општина Неготино. Изведувачот на работите со активности на терен ќе започне веќе во текот на утрешниот ден (сабота 18 јануари), а рокот за комплетна реализација на проектот е до крајот на месец март,оваа година. Инаку, активностите се дел од проектот „Енергетска ефикасност во прекугранична област како индикативен фактор на политиката за животна средина со акроним ЕНПОЛ-ЕЕ помеѓу општина Пела-Република Грција како водечки партнер и општина Неготино како проектен партнер 2 и  Министерството за економија и развој на Грција, како и Управувачкиот орган на ИПА програмата за прекугранична соработка за перидот 2014-2020 година.