Концерт по пијано во изложбениот салон на Музејот на град Неготино PDF Печати
  Деновиве во изложбениот салон во Музеј на град Неготино се одржа Концерт по пијано од класата на проф.д-р Марија Ѓошевска - професор на Факултетот за музичка уметнот при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ од Скопје која по потекло е од Неготино. На концертот свое претставување имаа десет студенти од факултетот кои уживаа во изведувањето на делата на полуконцертниот клавир FEURICH 179 Dynamic!
-„Културата е образот на една општина, држава. Многу е важно да ја развиваме и да ја негуваме, а тоа значи дека прекрасните таленти од помладите генерации мора да го добијат соодветното внимание за да можат да го развиваат својот полн потенцијал како уметници и идни претставници на културата...Воедно овој концерт го посветувам на мојот татко, на кој што премногу му значеше Неготино",- рече многу емотивно проф.д-р Марија Ѓошевска на концертот одржан во Музеј На Град Неготино со претставување на пијанисти од нејзината класа и други, од Неготино-Дарко Волчев и Ивона Стојанова, Кавадарци,,како и пијанисти од Св.Николе и Скопје. Енергични, возбудливи изведби на Хајдн, Шопен, Рахмањинов, Стравински, Прокофјев и Албениз пред прекрасната и примерна публика од општина Неготино. Огромна заслуга за организација на овој прекрасен настан има директорот на ООМУ "Владимир Арсовски" од Неготино, Драги Станков!!!