Неготинската администрација чистеше смет на 2 локации во градот PDF Print
There are no translations available.

   И вработените во администрацијата од повеќе локални и државни установи од општина Неготино се вклучи во големата акција што се спроведува на територијата на цела држава. Од ѓубре и смет се расчистуваше просторот на 2 локации во нашиот град и тоа кај СРЦ Младост и просторот под хотел Парк. Сите ученици добија соодветна опрема, а поддршка во работна рака и механизација имаа од ЈП Комуналец. Акцијата е со цел за расчистување на расфрланиот смет на споменатите локации, почиста животна средина, но и за упатување порака за подигнување на еко свеста кај населението од општина Неготино.