Донација за поефикасно функционирање на ЈП„Комуналец“ PDF Печати
   Претседателот на Советот на општина Неготино Диме Витанов и директорката на ЈП „Комуналец“ – Неготино Марина Бојаџиева остварија средба со Заменик Амбасадорот на Сојузна Република Германија Ото Граф. Целта на оваа средба беше да се направи увид во добиената опрема од Програмата за мали грантови на Амбасадата на Сојузна Република Германија, како и разговор околу можностите за аплицирање за нови вакви мали грантови.