Романска делегација во посета на Музеј на град Неготино PDF Печати
    Музејот на град Неготино беше посетен од страна на членови на Парламентот од Романија, во состав на:.Јоан Кристијан Киртеш,- сенатор, Претседател на групата за пријателство со Република Северна Македонија во Парламентот во Романија,
 Мариана Венера Попеску пратеник и Ралука Петронела Шербан, советник во Служба за надворешни билатерални односи.
Романската делегација беше во друштво на нивните колеги-пратеници од Неготино и Кавадарци, .Ристе Ташев и .Панчо Минов. Импресионирани од музејот и содржината во него, особено задоволни од презентираната етнолошка поставка во која е презентирана винската традиција во општина Неготино, се разговараше за соработка и размена на културното наследство преку аплицирање на програми за култура на двете земји!