Наум Илиевски победник на турнирот во табла “Неготино опен 2019” PDF Печати

  Заврши 11-тото по ред издание на турнирот во табла Неготино опен 2019, кој беше дел од празничната програма организирана во чест на Денот на градот – 8ми Ноември. Во силна конкуренција, со учество претежно на помладите генерации, на тридневниот турнир беа одиграни интересни партии, а најдобрите учесници по систем на елиминација дојдоа до самата завршницата. Овогодишен победник е Наум Илиевски кој за прв пат дојде до епитетот победник на овој масовен настан. За постигнатиот резултат победникот од Општина Неготино доби диплома и парична награда од 8.000 денари, додека вицешампионот Илија Ѓорѓиев кој беше поразен во исклучително интересното финале, доби диплома и парична награда од 4.000 денари. Трето место му припадна на еден од најмадите учесници на турнирот - Томислав Недев кој забележа победа во малото финале и заработи диплома и парична награда од 2.000 денари.