Свечено пуштен во употреба реконструираниот објект Спомен костурница во Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Градоначалникот на општина Неготино Тони Делков, министерот за локална самоуправа Горан Милевски, заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули, директорот на Центарот за развој на Вардарскиот плански регион Марко Колев и голем број гости од градот, земјава и странство денеска присуствуваа на свеченото пуштање во употреба на реконструираниот објект Спомен костурница. Како што истакна министерот Милевски реализацијата на овој проект е пример како еден градоначалник ги реализира проектите од својата програма и од еден руниран и запуштен простор, се успеа да се изгради пријатно катче за сите граѓани на општина Неготино. Проектот е вреден 7,2 милиони денари со подеднакво учество на општина Неготино и Министерството за локална самоуправа-Биро за регионален развој. Градоначалникот Делков истакна дека со проектот се изведени скали, изградена е и ставена во функција фонтана, паркинг-простор, пешачки и трим патеки, летна сцена, поставена е електрика и водовод, а целиот простор е хортикултурно уреден. Воедно, упати јавна покана до граѓаните на општина Неготино да повелат и да го посетат овој простор каде што можат да минуваат дел од своето слободно време, но и апелирапе за внимателно однесување за да не дојде до оштетувања на целиот простор на реконструираната Спомен костурница.