Неготино го празнува Денот на ослободувањето 8-ми Ноември PDF Print
There are no translations available.

   Со прием на гости од земјава и странство и положување на свежо свеќе од страна на повеќе делегации на спомен-бистите на паднатите борци во НОВ започна одбележувањето на Денот на ослободувањето на нашиот град 8-ми Ноември. Празнувањето продолжи со одржувањето на свечената седница на Советот на општината која ја отвори и присутните ги поздрави претседателот Диме Витанов, а пригодно обраќање за значењето на денешниот празник имаше градоначалникот на општина Неготино Тони Делков. На свечената седница присутните имаа можност да проследат аудио-видео материјал за реализираните проекти и активности на општина Неготино помеѓу двата празника, по што се пристапи кон доделувањето на наградата и признанијата по повод Денот на ослободувањето. Според одлуката на Советот на општина Неготино годинашни добитници на осмоноемвриските признанија се Дионис Пашлаков од општествено-промотивна и туристичка дејност, Страшо Андов од хуманитарната дејност, Роберт Ристов од областа на културата и Марија Јанева од областа на спортот. Највисоката награда 8-ми Ноември постхумно му беше доделена на Лазар Димов од областа на општествено политичката дејност. Свечената седница заврши со мини-концерт на Пламенка Трајковска „Гудачко трио“.