Се оджаа уличните трки низ Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Стотина ученици и во 2019-та година зедоа активно учество на традиционалните улични трки во Неготино-настан кој е дел од програма за одбележување на празникот на општина Неготино-8-ми Ноември. Под менторство на своите наставници и професори, ученици од двете основни училишта од градот „Гоце Делчев“ и „Страшо Пинџур“, како и ученици од средното училиште „Св. Кирил и Методиј“ учествуваа во натпреварувањето со цел да остварат што е можно подобар пласман. Присутните на градскиот плоштад, каде што беше и целта, а стартот од кај градскиот Музеј, имаа можност да следат возбудливи и до крај неизвесни трки, во кои победникот се решаваше во последните метри. По завршувањето на трките, следеше чинот на прогласувањето на најуспешните во своите категории, а признанијата и медалите им ги врачи секретарот на општина Неготино Ивица Златковиќ кој на најдобрите им честиташе на постигнатиот успех, а наедно до сите натпреварувачи упати благодарност за учеството на настанот.