По повод празникот се одржа одбојкарски турнир во женска конкуренција PDF Печати
   Како дел од богатата програма која што општина Неготино ја организира по повод празнувањето на Денот на ослободувањето на Неготино – 8ми Ноември, во Средното општинско училиште „Св.Кирил и Методиј“ беше организиран одбојкарски турнир (женска конкуренција) помеѓу спортските училишни клубови на средни училишта од Неготино, Кавадарци, Валандово и Прилеп. Полуфиналните и финалниот натпревара беа одиграни денес во спортската сала на  СОУ “Св.Кирил и Методиј”, а благодарниците за учество на екипите им ги додели секретарот на општина Неготино Ивица Златковиќ.