Театарската комедија “Скандал” на Роберт Ристов во рамките на празничната програма по повод 8ми Ноември PDF Print
There are no translations available.

  Во рамките на празничната програма која општина Неготино ја организира по повод Денот на градот - 8ми Ноември во Центарот за култура “Ацо Ѓорчев” денес со почеток од 19 часот ќе биде изведена комедијата „Скандал“ во режија на Роберт Ристов и во продукција на „Театар провокација“. “Скандал” е нова провокативна интерактивна претстава на независниот театар “Провокација” во која публиката има задача да го пронајде убиецот на познатата пијанистка Лена Вагнер. Осомничени се сите присутни во фризерскиот салон… Се работи за урнебесна крими-комедија од која се очекува да биде успешна исто колку и претставата „Првин ќе ме земеш, после ќе ме…“ која трета сезона се игра на сцената на Театар Комедија.
Во улогите ќе настапат  Никола Кузелов, Мирјана Поповска-Ристов, Даријан Петров, Јелена Мијатовиќ, Чедомир Митевски, Радо Алексовски. Костимограф е Елена Лука, кореограф – Искра Шукарова.
Овaa театарскa претстава својата премиера ја доживеа на 20 октомври во Театар Комедија, па така граѓаните на Општина Неготино ја имаат привилегијата да ја погледнат веднаш по незината премиера во Скопје. Претставата е финансирана од Општина Неготино.