Градоначалникот Делков во работна посета на ЈП„Комуналец“ PDF Печати

   Во рамките на редовните работни активности, градоначалникот на општина Неготино Тони Делков, претседателот на Советот Диме Витанов и вработени во локалната самоуправа остварија работна посета на ЈП„Комуналец“ и средба со директорката Марина Бојаџиева и дел од вработените. Средбата беше искористена за взаемно информирање за досега реализираните активности на локалното комунално претпријатие и на општина Неготино во делот на работењето на претпријатието, за тековните, но и за активностите кои се дел од програмата за работа и дополнително треба да се спроведат. Констатирано е дека со заедничка координација значително е подобрена состојбата со водоснабдувањето што резултираше во летниот и есенскиот период да нема редукции на водата за пиење, извршена е набавка на геофон и ултразвучен мерач  за навремена детекција на загубите на вода, хигиената во градот и населените места е на задоволително ниво, набавен е нов ровокопач за потребите на Комуналец, а наскоро се очекува и набавка на возило канал џет за отшушување на јами и канализации што е од голема потреба за претпријатието. Градоначалникот Делков беше информиран дека за разлика од порано кога платите на вработените доцнеа по повеќе месеци, сега личниот доход на вработените во Комуналец им се исплаќа навремено и нема заостанати плати, а редовно се плаќаат придонесите за здравствено и пензиско осигурување.