АСФАЛТИРАНИ СЕДУМ УЛИЦИ ВО НЕГОТИНО PDF Печати

    Во рамките на спроведувањето на годишната програма за уредување на градежното земјиште на подрачјето на општина Неготино работници на градежна фирма од Кочани извршија асфалтирање на две исклучително оштетени улици во градот -  Киро Крстев  и 8-ми Ноември  за кои стручните служби оценија дека е потребна итна интервенција. На улицата Киро Крстев  се изврши асфалтирање на вкупна површина од 2.600 метри квадратни или на 450 метри должни за што од Буџетот на општината беа издвоени средства во висина од 1.300.000 денари, додека на улицата  8-ми Ноември е асфалтирана вкупна површина од 2.150 метри квадратни или 350 метри должни со цена на чинење од 1.000.000 денари.


    Согласно утврдената динамика за изведување на активности за периодот еприл – јуни локалната самоуправа обезбеди средства во висина од 1.300.000 денари со кои пак беа асфалтирани улиците Даме Груев и 4-ти Јули, како и крак од улицата Блажо Јанушев, додека во централното подрачје се изврши бетонирање на крак од улицата Фемо Кулаков кој се сполува со улицата Ацо Аџи Илов. Исто така, во овој период асфалтерски работи на површина од 2.000 метри квадратни беа изведени на улицата Илинденска со вкупна вредност на чинење од 1.200.000 денари, како и асфалтирање на 2.000 метри квадратни на улицата Едвард Кардељ за што од Буџетот на општината се издвоија средства во висина од 1.300.000 денари.

    Паралелно, во делот на изведувањето на градежни работи за периодот април – јуни интензивно се одвиваат работите за изградба на мост на Тимјаничка река. Целта на изградбата на мостот е да дојде до спојување на улиците Антон Пеган и Владо Арсов Шпанац и за неговата изградба ќе се потрошат средства во висина од 2.900.000 денари. Во истовреме, работи се одвиваат и во делот на довршувањето на обиколницата Антон Пеган со поставување на водоводна, канализациона и технолошка мрежа со вкупна вредност на чинење на работите од 2.700.000 денари.