Со средства од 12.000.000 денари се реконструира спортката сала „Младост“ PDF Печати

    Градоначалникот на општина Неготино Тони Делков, директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каески и претставници од Советот на општина Неготино присуствуваа на воведувањето во работа за реконструкција на спортската сала „Младост“-проект кој градоначалникот им го  вети на граѓаните на општина Неготино во програмата за работа. Според динамиката на работите, ќе се изврши комплетна замена на старата со нова подна и кровна конструкција на салата со средства од Агенцијата за млади и спорт, а општина Неготино ќе обезбеди средства за дооформување на соблекувалните и поставување електрична мрежа, со единствена цел да го вратиме сјајот на овој, некогаш, прекрасен објект. Градоначалникот Делков од негово име и од име на граѓаните на нашата општина му се заблагодари на директорот Каески за одобрениот проект за изградба на детски базен во склоп на СРЦ„Младост“, со што овој простор ќе се заокружи како неодминливо катче за спортување, одмор и релаксација. Директорот Каески истакна дека реконструкцијата на салата, после долги години запуштеност, станува реалност во согласност со политиките на Агенцијата за создавање места кои ќе бидат собиралишта за младите од неготинска општина и каде што тие, но и идните генерации, ќе имаат пристојно место за спортување и водење на здрав живот. Каески информираше дека вредноста на реконструкцијата на салата е 12.000.000 денари со краен рок за завршување на работите до март 2020 години, но со напори реконструкцијата на објектот да заврши и порано од предвиденото.