Се одржа отворен ден во ООУ„Гоце Делчев“ PDF Печати
    Градоначалникот на општина Неготино Тони Делков, советник за граѓанско образование при Министерството за образование и наука, претставници на Советот на општината и локалната самоуправа и други гости присуствуваа на отворениот ден што се одржа во ООУ„Гоце Делчев“ во рамките на новиот концепт за граѓанско образование. Отворениот ден беше исполнет со низа манифестации меѓу кои драматизација на тема Биди другар, не насилник, од страна на учениците од 8 и 9 одделение се водеше дебата на тема Женските се поуспешни од машките која беше оценувана од 3 члено жири и тоа Гордана Чолчева претседател на Советот на родители, Диме Витанов претседател на општинскиот Совет и директорот на училиштето Петар Мантев. Настанот се искористи за презентација на новиот училишен бенд, се одржаа и спортски игри и ликовни активности во насока на јакнење на демократијата.