Во рамките на осмоноемвриската програма Турнирот во табла “Неготино Опен” ќе биде организиран по 11-ти пат PDF Печати
  Во рамките на празнувањето на Денот на градот - 8ми Ноември, Општина Неготино по 11-ти пат ќе го организира турнирот во табла “Неготино опен 2019”. Истиот ќе се одржи од 6 до 8 ноември. Право на учество имаат сите граѓани на општина Неготино, а наградниот фонд за најдобрите учесници на овој турнир изнесува 15.000 денари.
Бројот на учесници на турнирот е ограничен, а пријавувањето за учество се врши на телефонскиот број 076/749-098 кај лицето Костадин Цветков. Турнирот ќе биде отворен на 6 ноември (среда) во 17.00 часот кога ќе бидат одиграни првото и второто коло од истиот. Наградите и дипломите на најдобрите тројца учесници ќе им бидат врачени на 8 ноември (петок) по завршувањето на турнирот.