Партерно уредување и поставување жардинерии на булеварот „Маршал Тито“ PDF Печати

  Во рамките на спроведувањето на годишната програма за работа, општина Неготино започна со реализацијата на проект за партерно уредување и поставување жардинерии на влезот во нашиот град на булеварот „Маршал Тито“. Со овие градежни активности целта е овој дел на Неготино да добие сосема нов и современ лик, како и да се зголеми безбедноста на учесниците во сообраќајот на овој потег. Се замолуваат сите моторизирани граѓани додека трае изведбата на рабпотите да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и утврдениот времен режим на сообраќај.