Партерно уредување и поставување жардинерии на булеварот „Маршал Тито“ PDF Print
There are no translations available.

  Во рамките на спроведувањето на годишната програма за работа, општина Неготино започна со реализацијата на проект за партерно уредување и поставување жардинерии на влезот во нашиот град на булеварот „Маршал Тито“. Со овие градежни активности целта е овој дел на Неготино да добие сосема нов и современ лик, како и да се зголеми безбедноста на учесниците во сообраќајот на овој потег. Се замолуваат сите моторизирани граѓани додека трае изведбата на рабпотите да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и утврдениот времен режим на сообраќај.